Дерби утакмицата на 37-то коло на Супер лигата на Србија меѓу Војводина и Црвена Ѕвезда имаше увертира на улиците на Нови Сад, каде се судрија двете навивачки групи.
Како што пренесува српскиот портал “nsuzivo.rs”, масовната тепачка избила околу 15 часот на Кисачка улица, а приведени биле повеќе лица.
Полицијата со брза интервенција ги раздели двете навивачки групи.