Денеска собранискиот спикер Талат Џафери од парламентарната позиција негираше дека вчера извршил груб вебален напад врз собраниското обезбедување но попладнево на социјалните мрежи можат да се слушнат докази дека тој вчера пцуел членови на собраниското обезбедување.
Во аудиото се слуша како Талат ги навредува членовите на собраниското обезбедување кое вчера по пленарната седница влегло во салата за да ја проверат локацијата согласно безбедносниот протокол.
По ова аудио од спикерот Талат Џафери се очекува да даде оставка од својата функција заради нанесување тежок удар на собранискиот дом.
По инцидентот се очекува зад достоинството на собраниското обезбедување да застане и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е индиректен шеф на единицата од која доаѓаат понижените и пцуени полициски службеници.
Видеото со аудиото од инцидентот на овој линк