Владеачката партија СДСМ е во распад, по низата ckандали околу аферата рекет и целосниот дебакл во Брисел со недобивањето на датум за преговори со Европската Унија. Членовите на СДСМ и со право се гневни на Зоран Заев и раководството со оглед на изневерените очекувања.
Сепак она што е многу важно е дека ова се случува само само два месеци пред формирањето на техничка Влада, и набрзо откако ќе бидат распишани предвремените парламентарни избори. Игор Трајчевски потпретседател на СДММ на својот Фејсбук профилт отворено порача дека се трга настрана и во брзо време нема да биде активен член на СДСМ.
-СДСМ „фала ти за се“. Ќе се сретнеме повторно, во некои подобри времиња, напиша Трајчевски на Фејсбук.
Трајчевски со години е дел од највисокото раководство на партијата, особено откако Зоран Заев е претседател на СДСМ. Тој покрај тоа што бил потпретседател на младинската организација на СДСМ бил член и на Централниот одбор како и извршниот одбор на партијата. Неговата матична Општинска организација е Ѓорче Петров каде со години е активен.
Од она што можеме да го дознаеме за него е дека тој бил многу активен за време на „шарената револуција“, каде на повеќе локации и во повеќе градови дури држел и говори.
Извор: “Инфомакс”