САД воведува блокада која ќе ги погоди големите сегменти на американската јавност. Оваа мерка е со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот и ќе трае од 10 до 12 недели или до почетокот на јуни.
Американците се прилагодуваат на најголемата промена во секојдневниот живот од Втората светска војна. Затворени школи, откажани спортски настани и економски пресврт, бидејќи многу луѓе ги загубија работните места со затварање на компаниите во многу индустрии.
Болниците се обидуваат да набават заштитна опрема за здравствените работници и респиратори, бидејќи се подготвуваат за бран на пациенти на кои ќе им треба помош. Бројот на заразени во САД е над 25.000.