Продавниците во Русија забележаа зголемена побарувачка на ѓумбир за време на пандемијата од вирусот Ковид-19, соопштија претставниците на “X5” трговската група и ланецот супермаркети “Магнит”.
“Бележиме зголемена побарувачка на ѓумбир, бидејќи купувачите во желба да се заштитат од инфекцијата сметаат дека на ваков начин ќе го зајакнат имунолошкиот систем”, вели претставникот на Магнит компанијата, пренесува “Тас С”.