ВИДЕО: Река во Сибир станала црвена како крв

Руските инспектори за зачувување на животната средина се обидуваат да утврдат зошто во близина на индустрискиот комплекс „Норилск никел“, реката добила боја на крв.

reka

Фотографиите од оваа необична појава на реката Далдикан ги објавија сите руски медиуми.

„Руска газета“ пишува дека промената на бојата е предизвикано од испуштањето на отпад од фабриката за преработка на никел, во која се наоѓа висока концентрација на тој метал и бакар.

„Норилс никел“ е инаку најголемиот производител на никел и паладиум во светот.

Подигнати се огромни печки  на полуостровот Тајмир во Сибир уште во времето на СССР.

Сепак, од фабриката изјавуваат дека не знаеле дека било каков отпад се пушта во реката.

Претседател на компанијата е милијардерот Владимир Потањин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.