Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е фаворит на неделните избори во Турција, каде речиси 16 години е на власт. Ердоган на претседателските избори е фаворит, но знак прашање е дали ќе добие 50% од гласовите во првиот круг. Доколку не победи во прв круг, тоа ќе биде дамка на неговата успешна кариера.
Од перспектива на Западот, Ердоган драматично се промени. Во 2004 година белгискиот неделен весник “Европен Војс” го прогласи за “Европјанин на годината”. Тогашниот германски канцелар Џерард Шердер го фалеше неговото “заговарање за слобода, заштита на човековите права и помалата улога на државата”.
Денес тоа изгледа како далечно минато и неговите критичари истакнуваат дека “овој Ергодан” е целонса спротивност од тоа време. Опозицијата предупредува на неговата авторитативност, а мотото на Ердоган е “На голема Турција и треба силен лидер”.
From soccer to sultan: Who is Recep Tayyip Erdogan? #TurkeyElection pic.twitter.com/bRoTwmelR5
— Rudaw English (@RudawEnglish) June 21, 2018
Роден во 1954 година, Ердоган израснал во скромни услови во работничкиот дел на Истамбул. Како дете продавал переци и вода на улица за да му помогне на семејството. Во 1999 година тој беше уапсен по неговиот говор, но од тогаш неговата почитичка кариера е во подем.
Во 2002 година ја донесе партијата АКП на власт. Следната година стана премиер, останувајќи на таа функција до 2014 година. Турција доживеа голем економски раст, а Ердоган ја водеше кон Европа.
Turks will on June 24 in elections which could keep President Recep Tayyip Erdogan in power for another five years. pic.twitter.com/DW5O9vhNz4
— RFE/RL (@RFERL) June 21, 2018
Смртната казна е укината во 2004 година, кратко откако тој дојде на власт во Турција, а во 2005 година отворени се и преговори за влез во ЕУ. Додека голем дел на Блискиот исток тонеше во хаос, неговата држава докажа дека исламот и демократијата не мора да бидат во судир. Ердоган започна мировен процес забранетата Курдистанска работничка партија. Но процесот во меѓувреме пропадна, а насилството ескалираше од средината на 2015 година.
Бидејќи во статутот на АКП пишува дека премиерот не може да биде на должност четири пати со ред, тој се кандидираше за претседател на државата во 2014 година. Но, неговата крајна цел беше да ја претвори Турција од парламентарна во претседателска република.
До сега ништо не можеше да го спречи во тој план, дури ни обидот за државен удар во јули 2016 година.
Heading into elections, President Recep Tayyip Erdogan is at risk of losing supporters angry over the 3.5 million Syrian refugees who have set up house in Turkey https://t.co/uR8kKJshQ9 pic.twitter.com/nWNVuKq2xx
— TicToc by Bloomberg (@tictoc) June 20, 2018