(ВИДЕО) “Политичко насилство во Прилеп! Активисти на СДСМ уништуваат реквизити на УМС што правеле пародија?!”

Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ Прилеп денеска преку пародија изразија револт од политиките на оваа Влада, а својата акција ја изложија во центарот на градот, поставувајќи кутија за донации.

Но, политичката некултура и нетолерентност кон политичкиот противник од страна на активисти од СДСМ дојде до израз и овој пат, па за брзо време кутијата беше уништена.

Овој настан фрли црна дамка врз сите случувања денеска во Прилеп, особено врз трибината која под Градскиот саат, каде министрите Спасовски и Димитров, ги убедуваа прилепчани да излезат и гласаат за Северна Македонија.

Од УМС ВМРО-ДПМНЕ Прилеп апелираат до МВР да ги открие сторителите на овој настан, затоа што правото на слободна мисла и говор е демократски загарантирано на секој граѓанин.

На ваков начин само се провоцира непотребен конфликт и се испраќа грда порака до сите граѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.