Низ интернетот кружи снимка од безбедносните камери на една продавцница во Индонизија во која се гледа како продавачката на прилично дрзок начин ги “краде” муштериите.
Откако ќе ги измери продуктите во кесата и ќе ги префрли во друга, жената од видеото под пултот незабележително ја променува кесата со измерената роба и на муштериите им дава друга, која е очигледно полесна. Нејзината “техника” предизвика општа осуда и лавина на негативни коментари на социјалните мрежи.