Од неодамна Сончарките живеат и во водите на Охридското Езеро
-После подолга обсервација на овој интересен вид риба кој природно не припаѓа во ендемичниот екосистем на Охридското Езеро забележавме многу интересни моменти особено во нејзиното однесување за време на мрестење – велат од нуркачкиот центар “Амфора”.
-Тие главно се хранат со инсекти и ларви, а широко распространетите перки во текот на нејзиното движење претставуваат одбранбена функција. Како што може да се забележи и на видео инсертот, најгресивното и најчесто однесување е “фронтална закана” карактеризирана со брзо нафрлување, удирање и бркање на рибите кои се во непосредна близина, а во крајни случаи проследено со благо каснување, со цел да ги заштитат границите на својата територија, додаваат од “Амфора”.
-Доколку сончарката се чувствува инфериорна во обидот да ја одбрани територијата најчесто бојата и потемнува од страните. Сезоната на мрестење е обележана со присуство на мажјаци на плитки, кружни гнезда кои истите ги бранат од другите сончарки од причина што најчесто ги градат овие гнезда во групи, а и мрестилиштата им се во непосредна близина.
По завршување, групата сончарки ја напушта локацијата на мрестот. Најчесто ги има во плитки води на длабочина од 3-5 метри, но забележавме и повеќе јата на длабочина од 10-15 метри во присуство на други риби.
Целокупното однесување може да се забележи во текот на неколку наврати на видео инсертот – додаваат од “Амфора” центарот за нуркање.