На ова видео снимк кој стана вистински хит на Интернет е прикажано деветнаесетмесечно бебе кое веќе знае да чита и брои до 50.
Мајката на малиот Картер Вајстсајд, Латоја од Северна Каролина, вели дека нејзиниот син почнал да ги распознава зборовите кога имал само седум месеци. Колку детето е напредно за својата возраст сведочи и тоа што тој умее да брои до 50 и знае повеќе од 300 зборови.
“Мојот син има 19 месеци и знае да чита и ја знае азбуката. Умее да брои до 50 и јасно да прочита над 300 зборови. Кад и да тргнеме тој ги чита знаците. Кога имаше 12 месеци почна да изговара зборови кои никогаш не сме му ги кажале“, вели гордата мајка.