Протестите во Франција навидум се смируваат, откако речиси цел месец „жолтите елеци“ ја доведоа земјата до работ на граѓанска вojна во текот на изминатиот месец. Дел од аналитичарите сметаат дека ова е само привремен мир на улиците низ Франција, и дека владата на Макрон ќе мора да си поднесе итна оставка со цел задржување на мирот во земјата.
Министерот за надворешни работи на Франција пак Жан-Ив ле Дријан го повика претседтелот на САД Доналд Трамп да не се меша во внатрешните работи на земјата, откако вчера испрати поддршка до народот кој беше излезен на улица.
„Ние не се мешаме во внатрешната политика на САД и не сакаме тоа да биде взаемно“, рекол Ле Дријан, коментирајќи го твитот на Доналд Трамп во кој им искажа поддршка на демонстратите на улциите низ Франција.
„Јас тоа му го кажувам на Доналд Трам, а и претседателот на Франција истото го вели: оставете го нашиот народ на мира“, додава францускиот министер јавува АФП.
The Paris Agreement isn’t working out so well for Paris. Protests and riots all over France. People do not want to pay large sums of money, much to third world countries (that are questionably run), in order to maybe protect the environment. Chanting “We Want Trump!” Love France.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 8, 2018
Во меѓувреме пак, властите во Франција бараат „руска врска“ во организацијата на протестите, наместо да бараат одговорност во самите себеси поради политиките кои го предизвикаа народниот гнев во земјата, коментираат локалните медиуми.
Од Франција е упатено и „предупредување“ до Белгија за протести организирани од „руска агентура“, кои би требало да следат во наредните денови. Ваквите информации на Француската влада, сметаат експертите се само оправдување на Макрон пред самиот себе.
Во меѓугвреме на социјалните мрежи се појави скандалозна снимка од полициска бруталност на Француската полиција, која се дрзна да преврти количка во која седеше инвалид кој протестираше заедно со „жолтите елеци“.
Извор: “Инфомакс”