(ВИДЕО) “Еве кои пратетици го поддржаа современиот егзодус на Егејците??”

Во четвртокот се одржа Петтата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија, иако овој настан веќе еднаш се одржа од 30-ти јуни до 1-ви јули годинава, кога истиот беше организиран од страна на Сојузот на здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “МАКЕДОН”.

Пред споменикот на децата бегалци почит тогаш одадоа делегации од Светскиот македонски конгрес, од Кабинетот на претседателот на државата, повеќе партиски делегации, а повикана беше да положи цвеке и партијата СДСМ.

Присутните порачаа дека договорот со Грција е срамотен и предавнички.

Пред два дена иста ваква средба беше одново организирана, а на неа присутни беа и пратениците од владеачкото мнозинство Петар Атанасовски од СДСМ и Јулијана Николовска од ЛДП.

Иако овие пратеници гласаа и го поддржаа договорот со Грција кој предвидува и откажување од македонското малцинство во соседната земја, лицемерно се појавија и го одбележуваа споменот за егзодусот врз Македонците во минатото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.