Поради изведување на градежни работи изминатиот период сообраќајот на патот Прилеп-Градско, изминатиот период се формираат километарски колони со возила.
Возачите да бидат претпазливи и да ги следат инструкциите на поставените редари како и поставените сообраќајни знаци и светлосна сигнализација.
Во соопштението од АМСМ се вели:
”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп) , поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница”.