(ВИДЕО) Вака се постигнуваат правата и почитување на земјоделскиот труд и мака: На Французите им шетаат стада овци низ градовите

Повеќе од 72.000 земјоделци со над 41.000 трактори во Франција учествуваа на големите протести во петокот низ речиси целата земја, незадоволни од владините политики, на повик на водечкиот земјоделски синдикат Националниот федерација на земјоделските синдикати (FNSEA).

Во некои општини протестите се одржуваат пред префектурите и административните згради. Медиумите известуваат дека неколку дена со ред земјоделците ја полевале со ѓубрива оградата на префектурата во општината Ажен, на југот на Франција. Ден претходно запалиле стогови сено и автомобилски гуми пред зградата, при што настанал голем поќар. Во средата беше објавено дека мајка и нејзината 12-годишна ќерка загинале во текот на протест на во јужната општина Ариеж, откако додека спиеле на барикадите од сено поставени на коловозот врз налетал автомобил.

Овие протести се совпаѓаат со слични протести на земјоделците во Германија и Полска, пишува Блумберг.

Францускиот премиер Габриел Атал во петокот се обиде да го смири гневот на фармерите, ветувајќи дека ќе го поништи планот за зголемување на даноците на земјоделското гориво и наметнување високи казни за компаниите кои не ги почитуваат правилата за преговори за цените. Тој, исто така, го повтори спротивставувањето на Франција на големиот трговски договор меѓу Европската унија и јужноамериканскиот блок на земји наречен Меркосур.

Сојузот на млади фармери, сојузник со моќната FNSEA, повика на блокада на регионот на Париз.

„Идејата е дека ниту еден камион нема да може да го снабдува главниот град и ќе треба да чекаме една недела за да го почувствуваме недостигот“, рече Максим Буизар, национален претставник на Младите фармери, за ТВ БФМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.