Лука Модриќ, еден од најдобрите изграчи на сите времиња на неговата позиција, на денешниот натпревар доби овации и од навивачите на Аргентина додека го напушташе теренот.
37-годишниот играч од средниот ред, кој има 160 настапи за Хрватска од своето деби против Аргентина во 2006 година, вели дека нема да се пензионира по овој зимски турнир.
„Не, нема да ја напуштам репрезентацијата“, рече тој додека беше во Катар. „Се чувствувам фит, многу добро и ќе останам овде додека можам. Нема причина да се пензионирам. Тоа е мој избор”.
Модриќ е познат по неговата фудбалска грациозност, борбеност, но и фер-плеј. Навистина, овие моменти се многу ретки, но Лука дефинитивно заслужува ваков третман. Како и оние овации за Дел Пиеро и Роналдињо од противничката публика на Сантиаго Бернабе, овој настан веројатно ќе остане запишан во фудбалската историја.
Хрватска изгуби од Аргентина, но постигна голем успех. Две првенства по ред стигнува до самиот крај. Ова Светско првенство не завршува тука за нив. Напротив, екипата на Делиќ има сеуште можност да освои медал. Натпреварот за третото место е во сабота, а Хрватска ќе се соочи со поразените од натпреварот меѓу Франција и Мароко.
A standing ovation for Luka Modrić in his last World Cup game! ?????pic.twitter.com/ryJUV1Qjkw
— Football Report ?☮️???Forza ?? #BerhalterOut (@FootballReprt) December 13, 2022