ВЕЧЕР открива нов СКАНДАЛ: Фирмата на пајташот на Заев е фантомска и заработува 650.000 евра!

Фирмата од која Струмица Гас набавува гас е фантомска и постои само на хартија – открива “Вечер”.

zaev-firma-gif2_-640x450

Како што претходно објави Вечер, Струмица гас купува бугарски гас за цена два и пол пати повисока од пазарната, од компанијата Си-ен-џи системс, која е во сопственост на Митко Андреевски, претседател на партиската комисија за енергетика на СДСМ.

Имено, новите документи до кои стигна „Вечер” покажуваат дека во фирмата има само еден вработен – управителот Митко Андреевски, а претходно до 2012 таму работела извесна Зорица Ангеловска.

Документите покажуваат и дека компанијата нема никаков капитал на свое име, ниту пак поседува канцеларии или опрема. Основач е сопругата на Андреевски, Билјана Станголева, која си го има задржано моминското презиме. Си-ен-џи систем е толку фантонска што нема ни сопствени простории, па адресата на компанијата е на улицата “Атанас Раздолов бр. 14” во Драчево, каде што се наоѓа семејната куќа на сопругата на Андревски.

Доколку се погледнат финансиските извештаи на Си-ен-џи кои исто така ги поседува “Вечер#, се доаѓа до заклучокот дека компанијата на партискиот пајташ на Заев, која нема вработени и имот, за 2 години, 2014 и 2015 има чист профит од 650.000 евра или 39.334.036 денари кои се пари добиени само од една компанија, јавното претпријатие Струмица Гас.

zaev-firma-gif1_-640x327

Митко Андреевски бил осомничен и во случајот “Чуму”

Скандалот со Си-ен-џи и Струмица гас не е прв во кариерата на претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски. Имено, во време на СДСМ тој бил вработен во министерството за одбрана каде што месечно, на службениот телефон трошел по 2,500 евра за да гласа во емисијата “Чуму“, која одеше на сега веќе затворената телевизија А1.
Против него тогаш се водеше и судски процес а од министерството во кое бил ангажиран како советник, Андреевски беше санкциониран и со парична казна поради огромната сметка. Се работи за 2004та година, а како што покажа судењето, сегашниот пајташ на Заев тогаш од службениот телефон праќал СМС пораки за да гласа во полза на територијалната поделба во дебатите во емисијата.

zaev-firma

Митко Андреевски освен во МО бил вработен и во Брилијант, а симптоматично е што ЈП Струмица гас, која е единствен набавувач од неговата фирма – изрентала деловен простор токму од Брилијант.

Пајташот на Заев инкасирал од струмичани 2,5 милиони евра за 3 години!

На 16 ноември минатата година “Вечер# напиша дека Митко Андреевски преку продажбата на гас на Струмица гас, инкасирал негде околу 500 илјади евра, новите документи ни ги потврдуваат бројките кои тогаш беа само математичка претпоставка врз база на јавните набавки на Струмица гас. Сме промашиле за 150.000 евра, наместо нашите 500.000 излегува дека Андреевски инкасирал 650.000 евра.

Во 2016 година = 600.000 евра, во 2013 година = 1.920.000 евра, а во 2011 година = нема податоци. Ова се парите кои партиската фирма на СДСМ – Си-ен-џи системс ги добила од јавното претпријатие Струмица-гас, како ексклузивен добавувач за гас за Струмица. “Вечер# дојде до овие податоци пребарувајќи преку сите достапни бази на податоци на интернет.

Интересно е што општина Струмица досега направила само 3 набавки на гас преку 3 тендери. Во сите три случаи, тендерот го добила фирмата на функционерот од Бихаќка. Без тендерот во 2011, за помалку од 3 години, фирмата на Андреевски, од сметката на општина Струмица инкасирала, неверојатни 2,5 милиони евра, пари на граѓаните.

Директорот на Струмица Гас, Зоран Китанов, потврди дека цената на гасот кој го набавуваат е над 24 мкд. Последните податоци од ЕЛЕМ покажуваат дека оваа државна компанија која набавува гас за греење на скопјани, за истата количина од метар кубен плаќа 13 денари, што покажува дека фирмата на функционерот на СДСМ прави чист ќар од 11 денари по метар кубен.

– Математиката вели преку последниот тендер вреден близу 37 милиони денари со цената од 13 денари по која ЕЛЕМ го купува гасот, фирмата на функционерот на СДСМ, Андреевски, можела да купи над 2,8 милиони кубни метри гас. Кога сите тие би им ги продала на струмичани, фирмата Си-ен-џи на Андреевски би остварила чист профит од над 500.000 евра, напиша “Вечер“ во ноември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.