Вевчанци го запалиja бyгapcкото знаме: Три часа палea огнови, факли, пyкaa…

Втор ден во крајно тензична и драматична атмосфера се одвива карневалот во Вевчани.Со многу пркос, непредвидливот дух на василичарите кулминираше попладнево кога на плоштадот пред општинската зграда започна палењето на маските, чин со кој што практично завршува карневалот. Изгореа маските кои ја одсликаа македонската реалност, огнот го голтна и бугарското знаме кое василичарите го фрлија – oбјави “АЛФА ТВ”

Но, не стивнува револтот кај вевчанци по вчерашниот инцидент кога полицијата го растури дефилето на василичарите, тие денеска цели три часа палеа огнови, факли, пукаа со распрскувачки матерјали дофрлувајќи им на полицајците кои за разлика од утринава, сега беа во значителен број. Малку фалеше да дојде до сериозен инцидент.

-Ако не се почитувале протоколите, велат вевчанци зошто полицијата вчера не го спречи одржувањето на карневалот, зошто не ги стопира маскираните уште на влезот во селото од каде традиционално тргнува поворката на василичарите од Горна и долна маала?

-Зарем заслужува Вевчани со 30 писатели, со врвни интелектулаци од различни области, со човек во првото заседание на АСНОМ да му се деси ова.Ова е навистина жално што ни се случи. Олку специјалци, Бејрут да беше Вевчани немаше да се распоредат, вриеше уште од самиот почеток на денот на влезот во селото беа распоредени специјалци со сета опрема, зошто ?, се прашува Сашо Бетоски-хроничар.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.