Битола е еден од најголемите градови во Македонија, но и покрај тоа досега во градот на конзулите има само 22 потврдени случаи со Koвид-19.
Оваа бројка ја става Битола речиси на самото дно во државата, а покажува дека битолчани во изминатите 2 месеци откако започна епидемиjaта, биле дисциплинирани и се придржувале до препораките од надлежните.
Така беше и денеска на градското шеталиште и во градскиот парк, каде нашиот фоторепортер забележа дека граѓаните воглавно се движат по двајца и најголемиот број битолчани носат заштитни маски.
Од 22 зapaзени во Битола поголемиот број веќе се излечени.
Секоја чест за битолчани и нивната пожртвуваност за спречување на ширењето на кopoнавиpycoт!