На 05.04.2023, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(55) од Битола затоа што физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга.
Но, при вршење на увидот во домот биле пронајдени и одземени четири саксии со насади од растението канабис.
С.С. потоа бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.