БЕШЕ НАЈДОБАР ИГРАЧ ВО КЛУБОТ И ЛИГАТА, СЕГА ОСТАНА БЕЗ КЛУБ И НИКОЈ НЕ ГО САКА

Фудбалерот на Манчестер Цити остана без клуб, бидејќи “граѓаните” не сакаат да му го продолжат договорот, а не го сака ниту клубот на Палегрини, Вест Хем.

Мануел Пелегрини нема намера да го доведе во својот состав, затоа што верува дека екипата која ја предводи е комплетна и без неговото доаѓање.

35-годишниот Јаја Туре на тој начин стана слободен играч, а не така одамна беше најдобар во екипата на сините од Манчестер.

Се поголеми се шансите дека Туре нема да продолжи да игра во Премиер лигата.

Неговиот агент Димитри Селук, неодамна изјави дека Туре би се придружил на некој амбициозен клуб и за само една фунта дневно, но се чини дека моментално никој не е заинтересиран да го доведе во својот тим.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.