Со настапите на Слаткар, Криско, SAF sound system и Диџеј George, вечерва стартуваше најновото издание на “Тиквешки гроздобер 2018”.
Maнифестацијата која секоја година привлекува илјадници гости и оваа година ќе понуди голема забава и уживање, а финалето се очекува во недела, кога со почеток од 22:00 часот настапува балканската мега ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.
Организаторите известија дека од неколку општини ќе има организирано и бесплатен превоз од 19:00 часот, а враќањето е во 24 часот, после концертот на Цеца.
Тргнувањето од Прилеп ќе биде од пред Реклами.