“Антонио Милошовски со брилијантен предлог до Заев: Метлата од народот ќе биде најголема на 5-ти мај”

(Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски)

“Консензуалниот” кандидат Пендаровски во првиот круг на претседателските избори доби помалку гласови отколку што добиваше за време на режимот, и тоа сега појачан со поддршката од ДУИ, ДПА, Амди Бајрам, Курто Дудуш, Љубчо Георгиевски, Павле Трајанов, Африм Гаши и Драгиша Милетиќ.

Слабиот резултат предизвика разочарување и нервоза кај премиерот Заев, кој добро знае дека ваквиот лош резултат е најава дека времето на владеачката коалиција почнало да истекува. Затоа Заев се обидува да направи потег со кој би убедил што повеќе разочарани поддржувачи на владината коалиција да излезат и да го гласаат Стево. И некој го советувал “шефе, закани се со операција метла, чистка после изборите, тоа секогаш пали кај народот и членството”.

И Заев прифатил да го изведе и овој трик. Но…
Најавата за “ЧИСТКА” на неуспешни министри, директори и други функционери, после претседателските избори, е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев. Зошто? Затоа што доколку Заев навистина ја разбрал пораката од незадоволните гласачи тој може, согласно Уставот и Законот за влада, уште денес до Собранието да достави предлог за разрешување, на пример на министрите:

Венко Филипче, заради сомнителните тендери и кризата во здравството
Дамјан Манчевски, заради немањето ни “р” од најавените реформи во администрацијата
Асаф Адеми, заради неуспешната политика во секторот култура и Садула Дураку, заради нула ангажман во животната средина.

Само со поднесување на предлози за разрешување на владини министри, директори или началници денес, Заев ќе покаже дека ја примил пораката на незадоволните гласачи вчера. И доколку се обидува да се вади дека тоа не може да го направи бидејќи е кампања, пак ќе излаже, бидејќи Уставот и Законот му дозволуваат и во кампања да даде вакви предлози за разрешување, а истите во Собранието ќе се гласаат после завршувањето на изборите. Но, тоа што Заев нема да поднесе предлог за ничие разрешување, само докажува дека тој повторно се обидува да ги манипулира граѓаните гледајќи ги во очи.

Заев не смее ни да помисли да им удри метла на министрите Филипче и Манчевски, бидејќи ќе добие внатрепартиска “метла по нос” од крилото на Шеќеринска. Заев не смее ни да помисли да му одри метла на министерот Садула Дураку, ниту било кој директор од ДУИ бидејќи ќе добие внатре-коалициска “метла по глава” од Али Ахмети. Заев не смее да помисли да го тргне од владата министерот Асаф Адеми, затоа што “метла по грбот” ќе му удрат тројцата пратеници на Африм Гаши во Собранието.

Затоа, ОПЕРАЦИЈАТА МЕТЛА, после претседателските избори ќе заврши само со смена на шоферот на градоначалникот од Прилеп, директорот на водостопанство во Битола, директорот на комуналното во општина Дебрца и смена на Алмир Дудуш, роднината на Курто, главен раководител за спорт и образование во Шутка!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.