Заев денеска организираше крштевка во Скопје за цела една држава, но ретко кој сака да прави крштевка по втор пат, па токму поради бојкотот на скопјани Заев мораше да носи полни автобуси од цела Македонија во кои се делаа сендвичи за северњаците – пишува порталот “Инфомакс”.
Инфомакс направи анкета пред автобусите кои ги носеше СДСМ, а на митингот во Скопје имаше граѓани од Струмица, Градско, Ресен, Штип, Кочани и други градови од Македонија. Северњаците во голема мера ја покажаа својата некултура и говореа навредливи зборови упатени кон политичките противници на СДСМ, а за жал беа убедени дека немало да има промена на името.
На прашањето дали доаѓаат за да поддржат промена на името некои и бурно реагираа, очигледно против таквата промена.