На Црвениот плоштад на кој беше организирана грандиозна воена парада по повод “Денот на победата над фашизмот”, присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, но и еден холивудски актер.
Имено, на парадата присуствуваше и големиот пријател на рускиот претседател Владимир Путин, Стивен Сегал.
Putin's guests of honor at the #VictoryDay parade on Red Square:
Serbian president Alexander Vucic
Israeli prime minister Benjamin Netanyahu
Actor Steven Seagal pic.twitter.com/mlYQpsAP51— Alec Luhn (@ASLuhn) May 9, 2018
“Кога се сретнав со претседателот Путин, до нашата маса дојдоа и двајца воени ветерани од Втората светска војна, кои своето војување го завршиле во Србија. Беа многу среќни. Кога влегоа, прашаа:”Каде е тој претседател од Србија?” А потоа претседателот Путин рече:” Дали е можно да сте започнале во Сталинград, а да сте завршиле во Србија?” Јас бев среќен што можев да ја претставам нашата мала земја и да бидам важна личност на овој величенствен настан во Русија”, вели Вучиќ.