На 11.06.2017 во Прилеп во организација на БК АС ПРИЛЕП и под покровителство на “Пица Хепи” и “Марфил Прилеп” ќе се одржи 4та детска лига во бокс на Македонија.
Настанот ќе се одржи во “Пица Хепи” на плоштадот во центарот на Прилеп. Пријавени клубови се : БК АС ПРИЛЕП, БК АПЕРКАТ СКОПЈЕ, БК ПИНК ПАНТЕР ШТИП, БК ПЕЛИСТЕР БИТОЛА, БК ЧАИР СКОПЈЕ.
Целта ни е да ја подигниме свеста на младите спортитсти да се занимаваат со спорт и да ги избенат модерните пороци и активно да тренираат бокс со единствена цел во иднина да се изградат како личности и да станат олимписки или професионални боксери, изјави тренерот на БК “АС” Дарко Чатлески.
– Овие млади боксери да влезат со искуство во кадетска конкуренција, а не да им биде прва борба. Така ќе имаме изградени боксери до сениорската конкуренција и ќе имаме боксери кои квалитетно ќе ја претставуваат Македонија.
– Наши гости ќе бидат моите репрезативни колеги со кои ја претставувавме Македонија: Вели Мумин легендата на боксот во Македонија , Фатон Салиху мојот репрезативен колега кој на европското првенство во бокс за кадети во Битола 1997 година го освои златниот медал, а јас бронзениот. Се надеваме на добра организација и ги повикуваме љубителите на боксот да присуствуваат на овој настан, вели Чатлески