Трагедија ја потресе Македонија, во 11 часот и 40 минути од страна на обезбедувањето во „Железара“ било пријавено дека 36-годишниот П.А. од Кавадарци вработен во фирма од Кавадарци додека работел на товарање роба во камион „Сканија“ паднал во безсознание и починал.
Смрт била констатирана од страна на Итната медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на настанот.