„Тајната швалерка“ всушност била технички проблем

Во текот на вчерашниот ден во медиумите беше објавен напис со наслов “Tајна швалерка им ги растура браковите на мажите во Македонија”.

Притоа во објавата стои:

„Тајна швалерка“ им ги проблематизира браковите на македонските мажи. СМС пораки од испраќач чие име е „СМС Инфо“ и непознат број со чудна содржина пристигнуваат на телефоните на многу мажи низ Македонија.

Содржината е прилично интересна, односно, извесна Ана бара друштво за новогодишната ноќ и остава телефонски број за контакт преку СМС”.

Исто така беше објавена фотографија од СМС пораката која ја добиле поголем број корисници на телефонските оператори.

Сепак, се работи за грешка или технички проблем во системот на Вивекс медија и како резулат на таквиот проблем во системот, била изгенерирана СМС порака до одреден број на мобилни кориснички броеви.

Од Вивекс длбоко се извинуваат на сите корисници кои ја добиле пораката.

На истите корисници ќе им биде испратена СМС порака со нивно извинување и појаснувње на настанатиот проблем

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.