Четири деца и нивната мајка загинаа во пожар во Тетово што ноќеска избувнал во нивната куќа во населбата Поток, околу 4 часот утринава, пишува Нова Македонија
Ова се првичните неофицијални информации од тетовската пожарна.
Мајката Фатиме Зулбеари е 38 годишна а децата се на возраст од 4 до 13 години, три машки и едно женско, пишува Нова Македонија.
Во моментот се уште трае увид на обвинителството и полицијата.