“Сугарески каков е овој документ за бегалциве ?!”

Македонија се разбуди околу стратегијата за интеграција на бегалци и странци на министерството за труд и социјална политика на Мила Царовска. Повеќе општини го иницираа прашањето за референдум по оваа стратегија и можност граѓаните сами да се изјаснат дали сакаат во нивните места на живеење да се населат бегалци и да се градат стамбени згради за домување на овие лица.

И додека власта на СДСМ го негира ова прашање, истовремено по медиумите и социјалните мрежи се појавуваат загрижувачки вести дека во Македонија сепак се планира населување на мигранти и тоа во голем број.

Писмото кое е во прилог претставува покана до организациите и институциите за номинација на лица како претставници во локални мрежи за подобрување на услугите и политиките за мигрантите и тоа во Скопје, Куманово и Гевгелија.

Ве него се вели дека трите мрежи се функционални од јуни 2017, а сега се бараат нови лица кои ќе бидат подложени на обука во периодот од септември до декември 2017 година.

На поканата  се наоѓа знамето на Европската Унија и логото на Фондацијата Конард Аденауер.

Дали на Македонија и се подготвува целосна инвазија од мигранти? Дали градовите како Прилеп, Битола, Неготино, Гевгелија…. ќе бидат местата каде ќе никнат стамбени згради за по неколку илјади доселеници?

Загриженоста кај граѓаните е на највисоко ниво. Стравот од целосна промена на демографската слика, од влошување на безбедноста и иднината на нивните деца е постојано присутен.

Доселугањето на мигранти во интервју за Дојче Веле го најави и министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој потврди, велејќи дека Македонија е спремна да го понесе товарот заедно со европските земји.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.