Сите зборуваат за сопругата на Макрон, но погледнете ги нејзините ќерки на негова возраст

sopruga

Брижит пред врската со Емануел Макрон била во брак со банкарот Андре Луј Аузиер, со кого има три деца – 41-годишниот син Себастијан и двете ќерки, 40-годишната Лоренс и 33-годишната Тифани.

Емануел Макрон има 39 години, а неговата сопруга Брижит е постара од него 24 години. Кога се запознале, тој бил ученик. Уште на 16-годишна возраст и` рекол дека ќе се ожени за неа. Тоа е приказната на новиот француски претседател која веќе сите ја знаат. Но, помалку е познат фактот дека Брижит има три деца и дури седум внуци.

HfVlhKEAGd-site-zboruvaat-za-24-godini-postarata-sopruga-na-makron-no-poglednete-gi-nejzinite-kerki-koi-se-na-negova-vozrast

Банкарот ја дознал вистината за неговата сопруга откако соседите го предупредиле дека младиот Макрон постојано доаѓа во нивната куќа. Тој веднаш се иселил од нивниот дом. Ги изгубил врските, угледот и парите. Парот се развел во 2006 година, а следната година Брижит и Макрон се венчале.

dqMH79IheY-site-zboruvaat-za-24-godini-postarata-sopruga-na-makron-no-poglednete-gi-nejzinite-kerki-koi-se-na-negova-vozrast

Себастијан е најстарото дете на Брижит, а она што е интересно е тоа што е постар од својот очув. Тој е роден во 1975 година и е инженер специјализиран за статистика, така што бил многу ангажиран во кампањата на неговиот очув, пренесува Fr.news.yahoo.com.

Работел во институтот во Париз, а моментално работи во глобалната компанија Kantar Health.

V8ID1RC2Da-site-zboruvaat-za-24-godini-postarata-sopruga-na-makron-no-poglednete-gi-nejzinite-kerki-koi-se-na-negova-vozrast

Лоренс е генерација со Макрон и заедно оделе во средно училиште. Во тоа време, во една прилика за Макрон рекла: „Во моето одделение има една будала која знае се` за сешто.“

Таа по професија е кардиолог и исто така била ангажирана во претседателската кампања на нејзиниот очув. Лоренс е мајка на три деца.

NuYfoC0THf-site-zboruvaat-za-24-godini-postarata-sopruga-na-makron-no-poglednete-gi-nejzinite-kerki-koi-se-na-negova-vozrast

Најмладата ќерка, Тифани, била многу мала кога нејзината мајка Брижит престанала да живее со нејзиниот татко. После својата матура, таа заминала во Париз каде што студирала право. После неколку години студии станала адвокат и се вратила во родниот град каде што почнала да работи. Таа е мајка на две деца, пренесува Voici.fr.

woObCZukaw-site-zboruvaat-za-24-godini-postarata-sopruga-na-makron-no-poglednete-gi-nejzinite-kerki-koi-se-na-negova-vozrast

Макрон за децата на својата сопруга и нејзините внуци секогаш зборува со голема љубов. Тој вели дека тој и Брижит одлучиле дека нема да имаат заеднички деца и смета дека тој избор не бил себичен.

IR30AWaEsd-site-zboruvaat-za-24-godini-postarata-sopruga-na-makron-no-poglednete-gi-nejzinite-kerki-koi-se-na-negova-vozrast

„Не ми требаат биолошки деца и внуци за да им пружам повеќе љубов од онаа која моментално им ја давам на овие деца. Нашето семејство е моја основа и моја карпа“, изјавил Макрон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.