Денеска на теренот во комплексот ,,Пири,, во Банско се одигра пријателски натпревар меѓу Победа и Гоце Делчев Пирин, член на третата југозападна лига на Бугарија.
Конечниот резултат 1-1 поставен по првиот дел. Откако Бугарите поведоа со гол од пенал за Победа израмни Дејан Цветаноски.
Во првото и особено во второто полувреме промашени-неискористени биле 10-тина шанси (Шаркоски, Цветаноски, Трајкоски, М.Наумоски…), па токму поради неефикасноста испуштена е шанса за победа.
Победа започна со овие 11-мина: Котевски, Најдоски, Хумбатов, Крстески, Карчески, Ј.Наумоски, Мустафов, Трајкоски, Станиќ, Цветаноски и Маневски.
Веднаш по натпреварот експедицијата на прилепскиот прволигаш се враќа за Прилеп.
Фудбалерите ќе добијат одмор до вторник, кога ги продолжуваат подготовките за новата сезона.