РУСКАТА амбасада во Македонија и одржа лекција на АМЕРИКАНСКАТА: Редок дуел на “Твитер”

Руската и американската амбасада во Македонија во редок дуел на Твитер

Вчера попладнето американската амбасада во Македонија објави за загадениот воздух во главниот град.

“Загаденоста на воздухот е толку голема денеска, што е многу тешко да се види амбасадата! Какви идеи имате за почист воздух во Македонија”, стои во објавата.

Неколку часа подоцна со своја реакција се јави руската амбасада. Па на нивниот профил на Твитер напишаа:

“Ако нашите пријатели од американската амбасада бараат решенија за загадениот воздух во Македонија, ние би сакале да помогнеме со решение”.

Притоа под напишаниот текст стои сликата на рускиот гасовод, или така наречен “Турски тек” кој требаше да поминува низ државава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.