Слободанчо Ристески, инаку професор по физичко воспитување во средното општинско училиште “Кузман Јосифоски – Питу” во Прилеп, е именуван за нов директор во Казнено поправната установа – Прилеп.
Владата преку одлука денеска разреши и именува нови 67 директори, а сите Казнено поправни установи во државата добија нови вршители на должноста.
Поранешниот директор на затворот „Идризово“, Јовица Стојановиќ по десетина години се враќа како прв човек на Управата за извршување санкции при Министерството за правда.
Александар Наумоски е именуван за нов директор на истражниот затвор во Шуто Оризари. За вршител на должноста директор на КПУ Казнено поправен дом Идризово се именува Ќерим Махмути, додека со затворот во Охрид ќе управува Ристе Недески. Нов директор доби и затворот во Гевгелија, каде е именуван Слободан Џонич, а за прв човек на Воспитно поправен дом – Тетово е именуван Зоран Стојановски.
Во Штип ќе управува Мики Тодоров, во КПУ затвор Куманово Марјан Спасовски, во Струмица Жанета Багарова, а во КПУ затвор Битола именуван е Драган Крајовски.
Останатите одлуки за нови директори и заменици директори на владата погледнете ги ТУКА