На 18-то Балканско првенство во карате за кадети и јуниори помлади од 21 години, кое од 08-10 декември се одржува во Херцег Нови, сестрите близначки од Прилеп Мишела и Маријана Димоски ги освоија првото и второто место во поединечна ката конкуренција.
Ова за нив е трето сестринско финале на балканските првенства (после Атина 2010 и Дубровник 2015 година).
Нивните успеси се нешто што не запира, па веќе се навикнавме секое нивно појавување на татамите да значи и медал.
Ако Серена и Венус Вилијамс ги обележуваа финалињата во тенисот, Маријана и Мишела ќе го прават тоа во каратето.
Честитки, по којзнае кој пат не направивте горди како нација и како прилепчани!