Не сум бил 3 дена на работа и тоа беше причина за отказ од Агенцијата за катастар на недвижности. Јас сум претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати за тоа е известен директорот на таа агенција.
Во одговорот на мојата жалба пред судските органи кажува дека не бил информиран за мојот ангажман како претседател на КСС и како претседател на грански синдикат на администрација и државна управа на Република Македонија.
Очигледно во дописите и преписките што ги имам со него подоцна од неколку дена ми доставува допис дека не се точни наводите и дека тој ме примил помеѓу првите што сум остварил средба со него како претседател на синдикатот што само по себе кажува колку е легален и легитимен тој отказ и од која причина ми е врачен тој отказ, вели Благоја Ралповски .
Според него отказите во КСС или деградирање на сидикалните огранизации е удар врз конфедерацијата од причина што сакаат КСС да биде замолчен.
Тој е убеден дека откако видоа дека врвот на КСС не потклекнува врз тие притисоци сега почнуваат да работат по синдикалните огранизации со притисоци и закани врз членови на КСС што е кривично дело и за тоа се покренати неколку судски постапки.
Тој вели дека се надева во независното судство и се надева дека јавното обвинителство ќе се јави за сите нивни укажувања по допрен глас како и за сите нарушени права во синдикалното движење.