Во центарот на Прилеп вчера мото клубот „Sons of Thunder MC“ организираше едукативна кампања за учесниците во сообраќајот насловена како „Погледни два пати, спаси живот“.
Во исто време со кампањата се одвиваше и хуманитарна акција за 14 годишна прилепчанка Ивана Трпческа, која боледува од леукемија и итно и се потребни средтсва за пресадување на коскена срж.
Oд мото клубот „Sons of Thunder MC“ оваа акција ја одржуваат континуирано од 2008 година.