“Од срце поддршка за нашиот Марјан” – Жените од “Мајка Традиција” застанаа зад Ристески (ФОТО)

Едни од најтрудољубивите и секогаш насмеани дами  во Прилеп, кои се што прават, прават со срце и љубов, членките на здружението “Majка Традиција”, застанаа зад Марјан Ристески и му дадоа безрезервна поддршка на престојните локални избори.

Жените од ова здружение се едни од главните виновници што Прилеп се најде во “Гинисовата книга на рекорди”, кога во 2008 година на празникот “Св. Никола”, заедно со неколку други здуженија, приготвија 80.000 посни сарми.

Здружението “Мајка Традиција” е еден од препознатливите брендови на градот и постојано се активни на сите културни и празнични случувања, а не ретко се и големи хуманитарки.

Денеска тие порачаа дека даваат целосна поддршка на Марјан Ристески, кој во изминатите години е секогаш присутен на настаните кои ги организираат и им даваше безрезервна поддршка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.