Најголемата тајна на Јосип Броз: Ова го криел од сите !

Доживотниот претседател на СФРЈ и првиот човек на Комунистичката партија на Југославија, Јосип Броз Тито криел од сите дека е верник.

Познато е дека неговата сопруга Јованка била православна христијанка. Таа во својата фамилија имала 17 свештеници, а се смета дека успеала да му укаже на Тито за важноста на религијата.

Режисерот и сценарист Милан Шарац бил нејзин долгогодишен пријател, а сега ја подготвува монодрамата “Јас, Јованка Броз”. Тој за српски Курир изјавил дека Маршалот донирал пари за Печката патријаршија:

– За време на посетата на Косово, Јованка му рекла на Тито: ” Треба да му помогнеш на овој манастир”, а тој и одговорил:” Нема проблем, другарке Јованка”. Тито донирал 80.000 динари за изградба на камбана.

Постојат луѓе кои тврдат дека Тито неколку пати го посетувал манастирот.
Која е причината да го крие ова, никој не знае.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.