На сцената од театарот „Војдан Чернодрински,, се поставува текстот „Клетници, од Виктор Иго

На сцената од театарот „Војдан Чернодрински,, се поставува текстот „Клетници, од Виктор Иго  во режија на Мартин Кочовски, кој вели дека  мотивот за да се направи претстава во прилепскиот театар била тематиката.

-Текстот е исклучитено актуелен денес. Со ансамблот, театарот, јас лично,  стигнавме до фаза кадешто треба да се занимаваме со големи, сериозни  проблематики и автори.  „Клетници“ од Иго е епско дело и подобро нема. Во Македонија не знам дали е игран, многу реткост е  да се поставува пред се заради големината, тежината, односно комплицирано е да се направи драматизација. Драматург е мојот добар соработник Горјан Милошевски. Ќе се водиме од основното, колку нас како  индивидуи општеството не притиснува, ни го променува животот, ни создава бариери за да ја достигнеме среќата. Среќата мислам  е најелементарно чувство, да го сакаме   живеењето – вели режисерот Кочовски, потенцирајќи дека ова  е најважен проект кој го работи во театарот.

Екипата брои 30 луѓе, дел се негови досегашни соработници, дел нови.

Музиката групата Фолтин ќе ја свири во живот, а за  сцената, костимите и светлото ќе се погрижи Јулијана Војкова Најман.

Претставата е поддржана од Министерството за култура во програмата за 2017 на театарот, а премиерата се очекува за еден месец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.