ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ од Прилеп оддржа годишен концерт на наградените ученици на меѓународните и државните натпревари, кои на присутните им се претставија со дела од различни музички правци.
„Традиционално како и секоја година така и оваа го оддржуваме годишниот концерт. Вечерва ќе настапат 21 ученик од нашето училиште и тоа се деца кои оваа година освоија први награди на државни и меѓународни натпревари“, кажа Игор Николоски директор на ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“.
Пред почетокот на концертот, на присутните им се обрати градоначалникот Марјан Ристески кој им честита за постигнатите успеси на учениците и менторите. Во својот говор градоначалникот ја потврди финансиската поддршката на Локалната Самоуправа за успешно реализираните капитални проекти „Реконсртукција и обнова на фасада“, „Промена на надворешна столарија“ и „Изведба на систем за централно греење со котел на пелети“, „Изведба на челични скали„ и опремување и набавка на нови инструменти, за подобрување на условите во училиштето и подобра реализација на наставниот процес.
Учениците од ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ кон крајот на месец јуни ќе оддржат повеќе концерти на отворено.