Македонец во 4 града лепел плакати со навреди за девојка – и правел и Фејсбук профили

Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против 39-годишниот Д.П. oд Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во Валандово, Струмица, Гевгелија и Богданци, пријавениот поставил плакати со навредлива содржина, на кои биле наведени личните податоци на М.У. и нејзината сестра С.Ф.

Исто така пријавениот на социјалната мрежа “Фејсбук”, креирал повеќе лажни профили и електронски адреси на име на М.У.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.