Алијансата планира до пролетта 2018 година да ја прими во својот состав и Македонија, изјавил за “Спутник” извор кој добро ги познава преговорите за стапување во НАТО алијансата, пишува порталот balkanbreakingnews.
“Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг планира во јули да ја посети Македонија и да разговара. Целта на НАТО е до пролетта 2018 година оваа земја да биде примена во Алијансата”, изјавил соговориникот на агенцијата.
Според неговите зборови, на ова активно работат и САД.
“Вчера амбасадорот на САД во Македонија се состана со министерката за одбрана и разговарале за ова. Македонија е подготвена да ја направи големата отстапка, да го промени името”, изјавил изворот.
Ф.Г.