Уште еден од поранешните капитени-фудбалери на Победа се вклучува во работата со најмладите членови во школата на ФК Победа. Тоа е 35-годишниот екс капитен поранешен лев бек на Победа Благојче Дамевски, кој ја прифати понудата на Спортскиот директор Александар Крстески.
Своето знаење и искуство и Дамески ќе ги стави во функција на пренесување на најмладите во школата, кои ќе имаат од кого да учат. Со ангажманот на Дамески проширена е листата на екс играчи на Победа кои сега се вклучени во работата со најмладите.
Тука веќе се: Николче Здравески (координатор), Горан Тодороски, Благоја Филипоски, Филип Мирчески, Стевче Талески, Илин Ѓорѓиоски и со голманот Жарко Димески.
,,Беце,, добредојде дома и продуцирај таленти со ,,лева,, како твојата-во свое време најдобра!!! – стои во соопштението на ФК Победа.