Концерт на пијано и тромбон на дуотo “Рибарски” во Прилеп

koncert RIBARSKI

Концерт на пијано и тромбон ќе одржи дуотo Рибарски во вторник 18 јули од 20 часот во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето што го реализира ЦК„Марко Цепенков“.

Милица Шперовиќ на пијано и Кирил Рибарски на тромбон, по повод 40 годишнината од нивното заедничко музицирање, ќе изведат исклучително добра програма во која се застапени дела од Дебиси, Равел, Шопен, Крајслер, Монти, Рибарски и др. автори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.