Во денешниот полициски билтен се информира дека изминативе два дена се исчезнати две малолетни девојчиња и еден 47-годишен маж
Полицијата трага по малолетничка од Велес, мало девојче од Прилеп и еден маж.
Како што информираат од МВР, на 05.11.2017 година во 01:40 часот во полициска станица Велес, Р.Д.(38) од Велес пријавил дека на 04.11.2017 година околу 23:00 часот од семејната куќа се оддалечила неговата 14 годишна ќерка.
Истиот ден во 20:40 часот во полициска станица Прилеп, Ш.Џ.(27) од Прилеп, пријавила дека околу 15:30 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината 12 годишна ќерка.
На 06.11.2017 година во 02:15 часот С.И.(42) пријави дека на 05.11.2017 година околу 11:00 часот од нивниот семеен дом во непознат правец се одалечил неговиот брат Н.С.(47).
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сите три лица.