Инвестициите во прилепската болница низ 10 минути

IMG_6469

Во изминативе неколку години се направија капитални и историски инвестиции во здравствените установи во Прилеп.

Прилепската општа болница “Борка Талески” е речиси целосно реновирана и во ново руво. Резултатите од издвоените 70 милиони денари од Владата во претходниве неколку години за реновирање на прилепската болница се видливи.

Во болницата се работеше во забрзано темпо и за кратко време се изврши целосна реконструкција, а прилепчани сега добиваат врвна медицинска заштита и услуга. Набавени се и голем број на медицински апарати за поквакитетна здравствена заштита. Освен набавувањето на нова современа опрема болницата работеше и на подобрување на кадровскиот потенцијал.

Сето ова прави прилепската градска болница да ужива комплетната доверба кај пациентите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.