Жените штотуку дознаа дека целиот живот прават 2 големи грешки кога носат градник и поради тоа не изгледаат секси

Mногу жени не се ни свесни дека целиот живот прават голема грешка затоа што градникот не го носат онака како што треба

Сите жени знаат колку е тешко да најдат градник кој им одговара затоа што постојат толку многу нешта на кои треба да обрнат внимание: големината, обликот на градите….

Британи Пакнет на Твитер крена голема прашина кога објави видео со инструкции за тоа како треба правилно да се носи градник. Напишала дека не може да поверува оти откако носи градник прави голема грешка и дека тоа ниту една жена не го знаела до сега.

Нејзиниот твит предизвика низа реакции од жени кои ги правеле истите грешки

Всушност, главниот трик се состои во тоа што многу жени прават две клучни грешки и така го скратуваат рокот на траење на нивниот градник. Кога ќе купите нов, тој е еластичен и убаво се вклопува на телото. Немојте градникот да го закопчувате на последното копче, затоа што така го растегнувате. Ако забележите дека само по една недела вашиот градник не ви стои добро и дека се растегнал, тоа е токму поради закопчувањето на последното ниво. Закопчувајте прво на  првото ниво, а посетепено дојдете до последното, така подолго време ќе го зачувате вашиот градник.

Истото се однесува  до прерамките. Затегнувајте ги постепено, малку по малку, и спречете го брзото уништување на нивната еластичност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.