Десетици илјади народ на едно место: Вчера во Прилеп се случуваше големо шоу (ФОТО+ВИДЕО)

Како дел од празнувањето на големиот национален празник “11 Октомври” или денот кога започнало народното антифашистичко востание, во центарот на Прилеп беа изложени повеќе од 400 возила, кои беа дел од манифестацијата “Car Show, која во Прилеп се одржа по 6-ти пат.

Повеќе од 10.000 луѓе од целата држава го проследија ова возбудливо адреналинско шоу, на кое имаше изложено модерни автомобили, но и популарни олд тајмери од сите страни на Македонија. Најдобрите беа наградени.

На манифестацијата присуствуваше и нашиот автомобилиски шампион Игор Стефаноски – Иџе, како и градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, кој на Иџе му врачи и плакета.

Оваа манифестација која прерасна во традиционалана одлично се вклопи во годишната богата фестивалска понуда на градот, кој важи за најфестивалски град на Балканот.

 

A/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.