Вечерва Осмомартовски концерт на учениците од музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка”

Вечерва со почеток од 18.30 часот

Музичкото училиште ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ ќе одржи свој
целовечерен осмомартовски концерт, утре, вторник (06.03.2018) во центарот за
култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Учениците од ова училиште по повод денот на жената „8-Ми Март“ подготвија
со своите ментори дваесет и пет композиции од светските композитори на
класична музика.

Љубителите на класичната музика ќе може да уживаат во овие прекрасни
изведби на младите музички таленти од Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.